Пелистер од денеска е посилен за уште едно ново име, откако битолскиот суперлигаш потпиша договор со Владимир Зејак, 31-годишен српски ракометар кој настапува на позицијата лев бек.
Битолчани беа во потрага за засилување на овој дел од тимот, а од неколкуте опции тренерот Петрески и клупските директори го избраа токму Зејак. Станува збор за играч кој кариерата ја почнал во Црвенка, во кариерата има настапувано во неколку различни земји како Израел, Исланд, Норвешка и Шпанија, додека ланската сезона ја минал во турскиот Беледије спор.
Битолчани претходно од домашните играчи ги ангажираа Борјан Маџовски од Металург и Никола Стоилевски од Бутел, а во своите редови ги доведоа и црногорското крило Милан Поповиќ, босанскиот голман Харис Плех, иранскиот пивот Мошен Карамијан и хрватскиот бек Кобетиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА