Македонскиот претставник во Лигата на Европа, Еурофарм Пелистер објави дека двата натпреварит против унгарската Татабања ќе се играат во Битола. Првиот е закажан за 9. февруари, додека вториот ќе се игра ден подоцна.
„РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека постигна комплетен договор со екипата на Татабања од Унгарија двата натпревари од групата Д на Лига Европа да се играат во Битола. Натпреварите ќе се одиграат на 9 февруари во 20:45 часот и на 10 февруари во 17:00 часот“, потврдија од клубот.
По пет одиграни натпреварот во Д групата, македонскиот суперлигаш забележа една победа, едно реми и три порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА