Пелистер е повисок од Кожув: Триумф на „зелените“ (89-78)

Кошаркарите на Пелистер триумфираа со 89-78 против Кожув на мечот од 21. коло во Првата македонска кошаркарска лига.

На мечот во Битола, „зелените“ благодарение на подобро одиграната втора четвртина, во која единствено беа поуспешни од противникот, стигнаа до триумфот. Откако гостите беа тие кои диктираа ритам на почетокот, во вториот период Пелистер славеше со 23-14, па на полувремето се замина со 39-31 што се покажа клучно за конечната победа.

Во второто полувреме кошаркарите на Кожув се обидоа да ја анулираат предноста, но домашните успешно се бранеа за конечна победа од

Најефикасен во победата на Пелистер беше Голубовиќ со 21 поен, дополнето и со 8 скока, а 20 поени постигна постигна Луис. Со 18 поени мечот го заврши Анакиевски дополнето и со 4 асистенции. Кај гостите, Мишковиќ постигна 27 поени а Пековиќ го заврши мечот со 22 поени.

По оваа победа Пелистер се проби со 28 бода на 9. место, пред Шкупи кој има 26 бода. Кожув е на 8. место со 29 бода.

Се вчитува...