Пелистер е првиот клуб во 2024 кој промовираше нов фудбалер: Вилдан Керим потпиша за битолчани (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Пелистер e првиот со промоција на нов фудбалер во новата 2024 година.

Битолскиот второлигаш во првиот ден на новата календарска година се засили со искусниот крилен фудбалер Вилдан Керим.

Во својата кариера Керим настапуваше во повеќе клубови, покрај Детонит, беше дел и од Гостивар, Вардар, Скопје, Борец, косовските Дукаѓини и Дреница, а има настапи и во Турција.

Се вчитува...