Пелистер ги чува силите за Вардар: Без Филип Кузмановски против Алкалоид

Е. Пелистер вечерва му гостува на Алкалоид во претпоследното коло од ракометниот плејоф, а гостинскиот тренер Раул Алонсо изненадувачки се реши за неколку промени во тимот.

Во ситуација кога в сабота го играат мечот за титулата, „пелистерци“ решија да го одморат својот најдобар ракометар, па така Филип Кузмановски денешниот меч во ќе го проследи во „цивилка“, од трибините во салаата „Автокоманда“. Шанса ќе добие и младиот голман Брестовац, кој ќе биде во тандем со Никола Митревски, што би значело дека Ивиќ ќе добие поштеда на овој натпревар.

Во тимот ќе го нема ниту Илија Абутовиќ, откако столбот на одбраната на „пелистерци“ заработи повреда во финишот од куп-финалето со Вардар пред неколку дена.

Јасно е дека за Пелистер клучен е мечот со Вардар, ако се знае дека и со пораз денеска, но триумф во „Јане Сандански“ на саботното дерби ќе стигнат до посакуваната титула. Сепак, постои и ризик, ако битолчани загубат денеска со повеќе од два гола разлика, а потоа претрпат пораз и в сабота, тоа ќе значи нивни пад на третото место на табелата, зад Вардар и Алкалоид.

Се вчитува...