Преодниот рок за кошаркарските прволигаши завршува денеска, а меѓу клубовите кои реализираа трансфери во последниот ден е и вицешампионот Пелистер.
Битолчани се решија за рокада на центарската позиција, па откако клубот го напушти Американецот Мајк Едвардс на негово место денеска беше потпишан неговиот сонародник Џонатан Галовеј. Последен клуп на Џонатан Галовеј беше Пеќ во шампионатот на Косово, а 28-годишниот центар има богато искуство од клубови ширум Европа, откако претходно има настапувано и во Чешка, Швајцарија, Кипар, Финска, Турција…
„Зелено-белите“ работеа напорно за време на репрезентативната пауза за да ја надминат резултатската криза и да влезат во топ-ритам токму за клучниот дел од сезоната. Новиот тренер имаше доволно време низ тренинзи да ги наметне своите методи, а раководството на Пелистер ги исполни барањата на Трајковиќ, да доведе нови квалитетни решенија за двете клучни позиции во тимот, поентерската со ангажманот на Џеремаја Гамбрел пред куп-пресметките, и центарската со овој трансфер на Галовеј“, објави КК Пелистер на официјалната веб-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА