Левокрилниот фудбалер Благоја Љамчевски и голманот Илче Петровски се вратија во својот матичен клуб Пелистер. Љамчевски доаѓа од таборот на Тиквеш, и беше еден од најзаслужните за опстанокот на кавадаречкиот тим во „елитата“ со прекрасниот гол во баражот против Воска.
Петровски, пак, доаѓа од таборот на Брегалница, а има настапувано за многу прволигашки клубови, а има и интернационална кариера.
„Овие две прволигашки засилувања сметаме дека ќе придонесат за експресно враќање во Првата македонска лига. Ќе има уште засилувања со играчи со прволигашки статус со кои се преговара во моментов“, велат од ФК Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА