Пелистер ги „запали моторите“: Подготовките во Битола и во Анталија

Битолската гордост, екипата на Пелистер денеска ја имаше првата прозивка, со која и официјално започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Главна цел за Пелистер ќе биде опстанокот во ПМФЛ, а се очекува многу од екипата која е на пат да добие и стабилен финансиер од Канада.

Подготовките ќе бидат поделени во две фази. До 17 јануари, експедицијата ќе тренира во Битола, а потоа се сели во Анталија на подготовки од две недели. Екипата ќе одигра и три контролни натпревари:

20.01 – Пелистер – Спартак Суботица (Србија)
24.01 – Пелистер – Железничар (БиХ)
28.01 – Пелистер – Невбахор Наманган (Узбекистан)
Од Пелистер најавуваат дека во меѓувреме раководството работи и на играчкиот кадар, и наскоро ќе бидат објавени оние играчи кои ќе заминат, како и оние кои ќе дојдат во таборот на „зелено-белите“.

Се вчитува...