Пелистер го договори Американецот Карутерс

Донте Карутерс е новиот Американец во редовите на Пелистер откако актуелниот вицешампион денеска ја официјализираше соработката со овој кошаркар.

„Пелистерци“ ќе направат мини-ремонт во играчкиот кадар, веќе си заминаа Кесар, Малешевиќ, Ѓуроски и Младеновиќ, а се очекува токму Карутерс да биде еден од главните адути на тренерот Илиевски во сезоната што следи.

Овој кошаркар има 27 години и настапува на плејмејкерската позиција, а доаѓа од таборот на Широки Бријег. Тој лани настапуваше за овој тим и во АБА2-лигата, каде имаше просек од осум поени и четири асистенции по натпревар.

 

Се вчитува...