Кошаркарите на Пелистер не успеаја да дојдат до посакуваната победа против Крка во 11. коло од АБА 2 лигата во битката за Топ 8 местата во второто по квалитет регионално натпреварување.
„Пелистерци“ загубија со 88-102 од Крка со што останаа на деветтата позиција на табелата со 6 победи, сега и со пет порази.
Крка ос самиот почеток на мечот се стекна со предност добивајќи ја првата четвртина со 26-36, и таа предност ја одржуваше до самиот крај.

Јурковиќ беше предводник во победата на Крка со 21 поен, а Стипчевиќ запиша 18 поени, кај Пелистер се издвоија Хаџифезовиќ со 23 поени и Маслинко со 21 поен, но не беше тоа доволно за да се извлече триумф против Крка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

