Пелистер го освои Кавадарци и ја прекина серијата од два порази во Првата лига

Кошаркарите на Пелистер ја прекинаа серијата од два порази во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Тиквеш со 76-99 во натпревар од 10. коло од новата сезона во Првата лига.

Домаќинот на овој меч успеа само во првата четвртина да му парира на противникот добивајќи ја со минимални (29-28). Во продолжение битолчани заиграа многу подобро и на крајот заслужено стигнаа до победа од 76-99.

Дејвис и Малешевиќ со по 26 поени беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените Џаванте Хокинс заврши со 25 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...