Ракометарите на Пелистер го освои меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ што традиционално се одржува во Прилеп, откако битолскиот клуб славеше на трите натпревари против ривали од нашата ракометна Супер-лига.
Откако во првото коло се сретнаа со Борец и славеа со 33-26, битолчани во вториот дуел го совлада и домаќинот Приле со 39-30. Синоќа на програмата беше дуелот меѓу Пелистер и Пролет, кој решаваше за првото место, а во кој „зелени-белите“ славеа со 35-31.
Тимот предводен од Стевче Алушовски по слабиот старт на подготовките очигледно влегува во посакуваниот ритам и се очекува да се бори за висок пласман во новата натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА