Кошаркарите на Пелистер славеше против ТФТ Скопје со 83-79 во македонската „драма“ во 4. коло од АБА 2 лигата, во повеќе од квалитетен натпревар низ максимално неизвесна завршница.
ТФТ Скопје подобро го почна мечот добивајќи ја првата четвртина со 16-21. Но, одлична игра на „пелистерци“ во вториот период кој добивајќи го со 23-11, заминаа на пауза со седум поени разлика (39-32).
Израмнетата игра продолжи и во второто полувреме. ТФТ Скопје повторно врати во третиот период, па во последната четвртина се влезе максимално израмнето со 59-59.
А, во повеќе од драматичната завршница, ТФТ на три минути пред крајот дојде и до предност од 74-77. Но, Пелистер во драмата на крај беше далеку поконцентриран во нападот па успеа сосема заслужено со серија од 9-2 во последните 150 секунди да дојде до заслужен триумф од 83-79.
Најдобар во составот на Пелистер беше неверојатниот Планиниќ со 23 поени и 14 скока, а Мијовиќ дополни со 16 поени. Со 13 поени заврши Бернар, а 11 поени постигна Костоски.
Во тимот на ТФТ Скопје, Ташовски запиша 21 поен, Верц дополни со 14 поени а Николов мечот го заврши со 11 постигнати поени.
Пелистер со овој триумф се израмни на делба на шестата позиција на табелата со МЗТ Скопје со по две победи и два порази. ТФТ Скопје, пак, остана на една победа и три порази во досегашните четири одиграни натпревари во второто по ранг регионално кошаркарско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА