Американецот Тај Харис повторно ќе биде дел од македонскиот кошаркарски шампионат откако овој одличен бек-поентер денеска ги договори условите за преселба во Пелистер. Битолскиот клуб редовно води битка за опстанок во елитата, но „зелено-белите“ се надеваат дека со ангажманот на Харис и на уште неколку квалитетни засилувања би влегле и во борба за влез во Супер-лигата.
Станува збор за играч кој е добро познат на домашната кошаркарска јавност во земјава откако првпат пристигна во Гевгелија, како член на тогашниот прволигаш Бест. Харис имаше одлични индивидуални бројки, додека голем дел од ланската сезона го мина во дресот на Шкупи, пред да замине во БиХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА