Кошаркарите на Пелистер поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија во плеј-офот од македонската лига против Еуро Никел откако вечерва на домашен терен во „Боро Чурлевски“ во Битола славеа со убедливи 94-60.
Домаќините уште од самиот старт тргнаа фуриозно, па веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност 24-11. До полувремето оваа предност само се зголемуваше, па на пауза „зелено-белите“ имаа плус седумнаесет (43-26).
Избраниците на Дарко Радуловиќ во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триуфм од 94-60. Андреј Маслинко со 16 поени беше најефикасен кај победникот, а одличен беше и Јуре Планиниќ кој мечот го заврши со 11 поени, 10 скока и шест асистенции. Кај поразените Дарко Соколов заврши со 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА