Пелистер го продолжи договорот со Христијан Грозданоски

Важен одбранбен фудбалер кој минатата сезона беше дел од ростерот на ФК Пелистер го продолжи договорот со својот матичен клуб.

Централниот дефанзивец Христијан Грозданоски ја обнови соработката на уште една сезона и ќе настапува во дресот на Пелистер во шампионатот и Купот на Македонија во сезоната 2025/26.

Грозданоски минтата сезона одигра 27 натпревари. Фудбалерите на Пелистер в понеделник на првата прозивката ќе му се стават на располагање на новиот тренер Димитар Капинковски.

Се вчитува...