Подготвувајќи се за новата сезона ФК Пелистер промовираше уште едно име како засилување за тимот – Борјан Пановски.
Се работи за млад фудбалер кој доаѓа од ФК Гостивар а има настапувано и за Работнички, Охрид и Тетекс. Игра по десната страна а можи да настапува и како десно крило или десен бек.
„Чест ми е да настапувам за ваков клуб како што е Пелистер и сметам дека заеднички ќе ја оствариме зацртаната цел а тоа е пласман во Првата лига“ – истакнува Пановски.
Пановски, кој потпиша едногодишен договор со битолчани, веќе го одработи и првиот тренинг со новата екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА