Пелистер го реши Пролет, убедлив триумф на Прилеп

Пелистер експресно се рехабилитираше од фијаското во градското дерби со Работник, па денеска во рамките од второто коло од Супер-лигата славеше над Пролет со 32-30. Триумфот на битолчани е апсолутно заслужен ако се знае дека домаќините цело време го диктираа темпото и го контролираа резултатот. Во вториот дел тие стигнаа и до убедливи осум гола предност (30-22), гостите од Скопје во финишот успеаја опасно да се приближат до 31-29, но не и да направат пресврт.

Марко Кобетиќ со десет гола беше главен играч во денешната победа, заедно со Милан Поповиќ, кој осум пати биеше прецизно. Кај Пролет најефикасен беше капитенот Андоновски со шест погодоци.

Прилеп лесно и убедливо славеше во пресметката со Борец (33-22), нанесувајќи му го на тимот од Велес вториот пораз сезонава. Шокоски и Бозароски со по седум погодоци ги предводеа прилепчани во овој триумф.

Се вчитува...