Пелистер го врати Китановски на последниот ден од преодниот рок

Томе Китановски после девет години се врати во Пелистер. Одбранбениот играч ќе го носи дресот на „пелистерци“, неговиот матичен клуб и ќе му помогне во битката за пласман во Првата лига.

Китановски после Пелистер имаше интернационална кариера настапувајќи за Универзитатеа Крајова, Вождовац, Младост Лучани, Истра, Славен Белупо, Сабаил, Кукеши а потоа се врати во Македонија, и потпиша за Македонија ЃП, а последните месеци ги мина во таборот на Струга ТЛ.

„Најголемата трансфер „БОМБА“ се случи на последниот ден од рокот за трансфери. Денес за ФК Пелистер потпиша екс репрезентативецот Томе Китановски кој доаѓа од ФК Струга-Трим-Љум а има големо меѓународно искуство. Китановски ќе ја засили одбраната на нашиот тим.“, се вели во соопштението на Пелистер. 

Претходно Пелистер ги потпиша Сашо Дуков, Лаврдим Фазлију, Наумче Бакрачески, Никола Наумовски, Христијан Гроздановски, Бурхан Мустафов, Филип Миленковски, Илче Петровски и Благоја Љамчевски.

Се вчитува...