Пелистер го засили средниот ред со Србинот Милојевиќ

Високиот Србин Лука Милојевиќ е најновата аквизиција за битолски Пелистер. 190 сантиметри високиот 22-годишен фудбалер, игра на сите позиции во средниот ред. Доаѓа од Раднички Крагујевац, каде изминатите шест месеци ги мина во второлигашот Вршац како позајмен.

Нема информации од страна на Пелистер дали станува збор за позајмица, или перманентен трансфер. Овој играч во минатото мина многу клубови во Србија. Од Аполон до Раднички Крагујевац, па ФК Крагујевац, Слобода Ужице, ФАП Прибој и Младост ГАТ.

Претходно Пелистер се засили со Милан Србијанац и повратникот во дресот на „зелените“ Кире Ристевски, кој дојде од Струга ТЛ како позајмен.

Се вчитува...