Денеска во просториите на ФФМ беше одредена ждрепката за престојната сезона во Втората македонска лига. Еден од најсериозните претенди за пласман во прволигашката конкуренција Пелистер со гостување во Струмица кај Беласица, го почнува патот кон „елитата“.
Екипата на Беса која осетно се засили во овој преоден рок, во првото коло гостува кај Осогово. Некогашните прволигаши Победа и Тетекс ќе играат меѓусебе на стартот. Доскорашниот прволигаш Скопје, гостува во Македонска Каменица кај Саса. Новиот второлигаш Башкими почнува со домашен меч против Охрид.
1. коло, 2. МФЛ:
БАШКИМИ – ОХРИД Лихнидос
ПОБЕДА – ТЕТЕКС
ОСОГОВО – БЕСА
БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР
НОВАЦИ – АРСИМИ
КАМЕНИЦА САСА – СКОПЈЕ
ДЕТОНИТ Плачковица – ВАРДАР Неготино
КОЖУФ – КАРАОРМАН
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА