Актуелниот шампион на Македонија откако успеа да ја надмине психолошката бариера по освоениот бод на домашен терен против Спортинг Лисабон и гостува на Висла Плоцк во меч од 5. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Тренерот на актуелниот македонски првак Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски, пред мечот со Висла истакна надеж дека позитивната атмосфера после бодот против Споргинг, ќе придонесе за добра игра и добар резултат и на мечот со Висла.
„Висла е една добро компонирана екипа, играат шпански систем и имаат многу квалитетни играчи. Екипа која ја победи Киелце во првенството. Ние имаме позитивна најава, и сметам дека ќе одиграме одличен натпревар најпрво во Лигата на шампионите, и потоа дерби во македонското првенство. Атмосферата во екипата е позитивна, и одиме да се надигруваме со нив, а не да гледаме да загубиме што помалку. Имаме многу повредени играчи и мислам дека ќе бидат здрави за добра престава во овој натпревар“, рече Ангеловски.
Слично размислува и пикерот Жарко Пешевски…
„Ни падна товарот на грбот, после бодот со Спортинг. Тоа ќе ни биде една голема мотивација да одиме по оној бод кој ни недостасува. Гостуваме на многу незгоден противник, составен од одлични поединци и одличен тренер. Имаат гранитна одбрана, со искусни голмани кои сакаат сигурен и смирен напад. Се подготвуваме максимално како за овој меч, така и за сите и мислам дека ако влеземе на овој натпревар подготвени, ќе успееме да дојдеме до целта“, рече Пешевски.
Натпреварот меѓу Висла Плоцк и Пелистер е закажан со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА