Пелистер и Шкендија во пресметка за „лечење рани“!

Пелистер и Шкендија на игралиштето на „Могила“ во Прилеп ќе го играат еден од најинтересните натпревари од денешното 27. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Пресметка на два тима кои во очајна форма играат на последните натпревари во шампионатот. Пелистер не знае за победа на последните пет натпревари, од кои има четири порази и едно реми, а Шкендија речиси и ја загуби можноста за шампионска трка со Вардар откако на последните два дуели освои само еден бод. Токму затоа и во двата табори сега постои огромна желба да се дојде до победата…

„Не треба да се зборува со каков состав располага Шкендија, не треба да се нагласува дека не чека тежок натпревар, но ние веќе мора конечно да ја запреме серијата без победа. И покрај тоа што играме со еден од најтешките противници во лигата, едноставно безусловно одиме на три бода на овој меч затоа што желбата е повторно да се доближиме бодовно до Работнички кој е на третата позиција на табелата“ – велат од таборот на Пелистер.

Натпреварот во Прилеп ќе биде и дуел на тренерите странци во двата табори кои објективно не ги исполнуваат очекувањата и на раководствата на клубовите и на навивачите. Наџи Шенсои и Томас Брдариќ ќе бијат „битка“ сега и за сопствениот рејтинг и за престиж пред финалниот круг од домашниот шампионат.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА – 27. КОЛО (16 часот)

Прилеп: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА

Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ

Тетово: РЕНОВА – ПОБЕДА

Се вчитува...