Пелистер и ТФТ битка за АБА2 плеј-оф ќе водат во Широки Бријег

Последниот „балон“ од АБА2 првенството ќе биде одигран од 06. до 12. март во Широки Бријег каде македонските преставници Пелистер и ТФТ ќе целат на триумфи кои ќе ги донесат во шанса за битка за титула во престижното натпреварување.

Во тој поглед во подобра позиција се битолчани кои досега забележаа шест победи, за разлика од ТФТ кој само со чудо може до место меѓу најдобрите осум. „Црно-белите“ имаат само три победи, три помалку од Пелистер, Подгорица, Широки Бријег и Слога па нема да зависат сами од себе во натпреварите против Горица, Борац и Хелиос.

Пелистер во последните три меча од регунарниот дел го очекуваат средби со Крка, Слога и Подгорица со што „зелено-белите“ ќе се сретнат со два конкуренти за „Топ 8“ финиш и ќе ги имаат работите во свои раце.

Шампионот на овогодинешното издание на АБА2 ќе биде познат по турнирот кој ќе се одржи од 12. до 16. април во домот на лидерот на табелата Хелиос Домжале.

Се вчитува...