Во пријателски натпревар денеска, прволигашот Пелистер одигра без голови со второлигашот Воска Спорт. Натпреварот се играше на „Билјанини Извори“. Натпреварот бил тврд, без многу шанси, а неколкуте полушанси на двата тима не биле искористени.
Во Пелистер дебитираше Трајкоски кој досега беше дел од младинската школа, а досега настапуваше како позајмен во второлигаши и третолигаши.
Тренерот Марјан Секуловски го склопува тимот кој ќе треба да го направи невозможното и да го спаси Пелистер од испаѓање. Воска Спорт, пак, во пролетниот дел ќе претендира за влез во прволигашката конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА