Пелистер ја доби „мајсторката“ со Феникс 2010 и закажа полуфинале против ТФТ

Пелистер им се приклучи на МЗТ Скопје, ТФТ и Работнички во полуфиналето од разигрувањето за титула во македонското кошаркарско првенство откако славеше со 81-56 во „мајсторката“ против Феникс 2010.

Скопјани кои и на овој натпревар настапија десеткувани без најискусниот Трајковски успеаја да приредат неизвесен натпревар само во првото полувремето по кое клучна за победа на домашниот тим беше третата четвртина во која пресуди агресивната одбрана од која произлегоа осум загубени топки на „виолетово-жолтите“.

„Зелено-белите“ успеаја да го наметнат светото темпо на отварањето на натпреварот, а со тоа и да ја превземат резултатската иницијатива во првата четвртина во која скоковите во напад донесоа предност од 22-18 по 10. минути. Скопскиот состав до полувремето одговори со подобра игра во скокот, стигна до поени од втора шанса па и покрај скормниот проент на реализација успеа да се приближи на само еден напад негатива (36-34).

Феникс 2010 успеа и да поведе на отварањето на второто полувреме, но агресивната одбрана на домаќините ги примора гостите на тешки обиди и загубени топкиа, а поените во транзиција донесоа двоцифрена предност која беше задржана и по 30. минути игра за високи 62-45 од кои гостите не успеаја да се вратат во игра.

Со 19 поени и 5 скокови лидер на Пелистер беше Стајиќ, додека него го следеше Маслинко со „дабл-дабл“ учинок од 17 поени и 14 скокови. Со 22 поени и 11 скокови лидер на Феникс 2010 беше Хот, а по 10 поени дополнија Митревски и Јанески.

Се вчитува...