Македонскиот шампион Е. Пелистер во втората своја сезона во најквалитетното европско клупско натпреварување конечно ја запиша и првата победа во Лигата на шампионите во мечот од 7. коло. Битолчани повеќе од заслужено триумфираа на гостувањето против Фредериција во Данска со 23-25 (12-9).
„Пелистерци“ до победата дојдоа со извонредна игра во второто полувреме откако првото полувреме низ малку потешко ритам го завршија со негатива од три гола, 12-9.
Натпреварот почна сосема израмнето, низ првите 20 минути беше 9-9 а потоа во финишот на првиот дел домашните ја направија разликата.
Но, во второто полувреме одлична игра на македонскиот тим кој направи серија од 1-5, за 13-14, на почетокот од вториот дел и тоа го означи патот кон победата. Пелистер пред се беше воден од извонредниот на голот Никола Митревски кој мечот го заврши со 15 интервенции, од кои две од седум метри. Кузмановски постигна пет гола од 11 обиди, додека Пешевски и Хосни запишаа по четири погодоци.
Следува пауза во Лигата на шампиони поради ЕХФ-неделата, по што овие два тима повторно ќе се сретнат на 21. ноември во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА