Гостивар во осмиот овосезонски натпревар стигна до шестата победа, откако на домашен терен убедливо славеше над составот на Пелистер со резултат 118-60. Тимот на Марјан Србиновски влезе како фаворит во оваа средба и апсолутно ја оправда оваа улога, играјќи беспрекорно во нападот и завршувајќи го натпреварот со дури 118 постигнати поени.
Првата двоцифрена предност Гостивар ја имаше уште во првата четвртина (21-11), но сепак овој дел од мечот заврши со само пет поени разлика (26-21). Тоа беше се што гостите од Битола успеаја да сторат, гостиварци во остатокот од средбата држеа лекција по кошарка, полнејќи го кошот на противникот. Особено импресивно домашниот тим делуваше во првата четвртина, во која постигна 39 поени (39-15), за во последните десет минути домаќините да заиграат одлично и во дефанзива, примајќи само девет поени (28-9).
Фурстингер беше најдобар стрелец и на оваа средба со 27 поени, Зеќири постигна 19, а Сегариќ 17 поени. Кај Пелистер најефикасен беше Билер со 22 постигнати поени.
Охрид во суперинтересен натпревар славеше над Вардар со 83-80. „Црвено-црните“ беа на чекор на изненадување откако со тројката на Прентовиќ на 28 секунди до крајот поведоа со 79-80, но и тоа не им беше доволно за победа. Атанасов ги постигна клучните поени за охриѓани, по што Провел ја загуби топката, а Хил од линијата за слободни фрлања ја запечати победата на домашниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА