Пелистер пред своја публика триумфираше над Фени индустри со резултат од 76-62 (7-12, 21-24, 27-9, 21-17), за да ја прекине серијата од седум порази во низа во Првата кошаркарска лига. Битолчани иако по две четвртини се наоѓаа во негатива од осум поени, успеаја да го свртат резултатот во своја корист за само 10 минути, и така ја забележаа само втората победа во домашниот шампионат по девет кола.
Кавадарчани подобро ја започнаа средбата откако им припадна првата делница со сиронашни 12-7, додека со значително подобар подобар ефект на двете екипи Фени одново беше подобар од Пелистер и во втората четвртина(24-21), а на полувремето резултатот беше во корист на гостите, 36-29.
Сензационалниот пресврт се случи по паузата откако кошаркарите на Пелистер во првите пет минути од третиот период направи серија од 15-4, а потоа и нова серија од 12-5, постигнаа огромни 27 поени во однос на 9. коша на екипата од Кавадарци, домаќините имаа двоцифрена предност која мораше да се чува до последната секунда. Сепак, Фени успеа ја намали резултатската негатива кон стартот на последниот период, но не успеаја во обидот да го однесат мечот во неизвесна завршница, па битолчани на крајот лесно триумфираа и ја израдуваа домашната публика само втор пат оваа сезона.
Роберт Луис беше најефикасниот кошаркар кај Пелистер со 29 поени и шест асистенции и пет скока, додека кај гостите како најдобар се истакна репрезентативецот Андреј Магдевски со 23 поени и шест скока и една украдена топка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА