Пелистер ја продолжува перфекцијата – лесно совладан МЗТ 2

Пелистер по седум одиграни натпревари на домашно тло останува со перфектен учинок откако славеше на гостувањето во Аердором против МЗТ Скопје 2 со 68-96. Битолчани кои важеа за апсолутен фаворит на денешната средба ја потврдија својата улога умешно користејќи ја предноста во висина. Во играта во рекетот „зелено-белите“ постигнаа 66 поени, ја добија и скок играта (25-42) и сосема заслужено стигнаа до победа.

Битолчани уште на отварањето на средбата успеаја да се заминат чекор пред „штркчињата“ па постојано ја одржуваа „комотната“ разлика која по 10. минути изенсуваше 19-23, а веќе до полувремето се искачи на +12 (39-51). Аеродромци не дозволија убедливо „одлепување“ благодарение на Рансон кој во првото полувреме постигна 12 поени, но откако гостите го лимитираа Американецот во третата четвртина предноста се искачи на 55-85 по што беа решени сите дилеми за победник, а последните десет минути беа само формалност во кои гостите беа блиску до надминување на границата од сто постигнати поени.

Кахим Рансон беше предводник на МЗТ Скопје 2 со 16 поени и 6 скока, а него го следеше Виктор Исајловски со 13 поени. Никола Малешевиќ беше предводник на Пелистер со 17 поени, 15 поени, 3 скока и 3 блокови додаде Хотон, додека со по 14 поени натпреварот го завршија Младеновски и Стајиќ. Центарот додаде 9 скока и 6 асистенции, а бекот 5 асистенции.

Се вчитува...