Пелистер резултатски немаше сезона како што посакуваше, но битолскиот кошаркарски прволигаш се реши за храбар потег – пријавувајќи се за учество во Лигата на Шампионите на ФИБА.
Македонскиот првак МЗТ Скопје традиционално не се решава да биде дел од европските натпреварувања, додека битолчани покажаа иницијатива и поднесоа апликација до ФИБА, по што добија зелено светло за да бидат дел од квалификациите за елитното натпреварување под капата на оваа организација.
Патот нема да биде нималку лесен, бидејќи од 24-те екипи кои се во квалификациите само три ќе се најдат во групната фаза. ФИБА објасни дека ќе организира три квалификациски турнири од кои само победници ќе бидат дел од групите на ЛШ, ждрепката ќе биде дополнително извршена, а потенцијални ривали на Пелистер се: Бакен (Данска), Бурса (Турција), Орадеа (Романија), Шалон (Франција), Фалко (Унгарија), Фрибург (Швајцарија), Ден Борш (Холандија), Јувентус (Литванија), Калев (Естонија), Карху (Финска), Кутаиси (Грузија), Левен Брауншвајг (Германија), ПАОК (Грција), Патриоти Левице (Словачка), АЕК Ларнака (Кипар), Порто (Португалија), Реџана (Италија), Студентски Центар (Црна Гора), Рилски Спортист (Бугарија), Трепча (Косово), Мурсија (Шпанија), Антверпен (Белгија) и вицешампионот на Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

