Пелистер лесно до триумф на контролата со Анортозис

Македонскиот Пелистер стигна до лесна победа на првиот натпревар од интернационалните турнир „Андреа Папастаматис“ во Грција. Битолчани во првиот натпревар беа подобри од Анортозис Фамагуста со 27-20.

Во првото полувреме Анортозис беше достоен противник, па на полувреме Пелистер замина со предност од само два гола разлика 15-13. Во вториот дел избраниците на Бабиќ го покажаа својот квалитет и на крајот стигнаа до убедлива победа од 27-20.

Утре во второто коло од турнирот Пелистер ќе се сретне со Диомидис Аргус кој денеска во првото коло со 40-19 беше декласиран од АЕК.

Се вчитува...