Ракометарите на Е. Пелистер рутински ја одработеа задачата на гостувањето против Радовиш, славејќи над „фенерџијата“ на табелата со убедливи 17-42, пред се благодарение на неверојатното второ полувреме што го одиграа избраниците на тренерот Алушовски.
Резултатот по првото полувреме гласеше 11-16, но битолчани заиграа далеку посериозно во вториот дел, отворија со осум гола во низа, создавајќи двоцифрена предност што „зелено-белите“ рутински ја задржаа до самиот крај.
Кузмановски ги предводеше стрелците со девет погодоци, по седум постигнаа Хакбарт и Петар Атанасијевиќ, а прв стрелец на Радовиш во овој убедлив пораз беше Славе Јанковски со четири гола.
Пролет и Струга ремизираа 28-28, исход од кој сигурно поразчарани ќе бидат домашните ракометари кои имаа водство речиси цел натпревар, но сепак не успеаја да стигнат до победата. Скопскиот суперлигаш настапува со подмладен состав во вториот дел од сезоната, но покажа квалитет и заслужено славеше. Пролет водеше на полувреме со 18-14, стружани израмнија на 19-19 во раната фаза од второто полувреме, но Пролет повторно се одлепи и поведе со „плус четири“. Струга дојде на еден гол разлика, домаќините постигнаа само еден гол во последните осум минути, па гостинскиот тим преку Мечкароски стигна до реми.
Палевски со 11 погодоци беше прв стрелец на Пролет, шест постигна капитенот Андоновски, додека најефикасни кај стружани беа Костов со десет и Симоноски со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

