Пелистер минимално на контролата со Пелистер 2

Битолски Пелистер е се уште без официјален натпревар во новата сезона, бидејќи го чека стартот на Лигата на Европа и регионалната СЕХА. Во периодот за подготовки за првите натпревари, Пелистер одигра пријателски натпревар со својот втор тим Пелистер 2 кој го доби со минимални 27-26.

Младиот тим на Пелистер 2 му пружи голем отпор на фаворитот и одигра еден егал натпревар во кој во текот на сите 60. минути беше вистинска закана за поискусниот тим, а во финишот имаа и напад за израмнување кој не успеаја да го искористат.

Се вчитува...