Пелистер му се реваншираше на Феникс 2010

Пелистер стигна до 16. победа во Првата кошаркарска лига откако во 20. коло славеше на домашен терен против Феникс 2010 со убедливи 93-74. Битолчани беа подобриот противник во текот на целиот натпреар, рано стигнаа до висока предноста која не ја испуштија до крајот за реванш за поразот во Купот на Македонија и задржување на шансата за првата позиција на табелата во пресрет плеј-офот.

Отварањето на натпреварот беше во знакот на Пелистер кој лошата реализација и покрај отворените обиди на гостинскиот тим умешно ја искористи во противничкиот рекет па рано ја превзема резултатската контрола за двоцифрена предност (25-12) по 10. минути игра. Скопскиот состав до крајот на првото полувреме успеа да го заштити рекетот, а со поенте од полудистанца на спротивната страна и да намали на 37-29 при што имаше и четири обиди за помала негатива, но откако не успеа да реализира во истите следеше казна на спротивната страна преку Карпентер кој го запре налетот на Феникс 2010 за задржување на „комотната“ предност на полувремето (42-31).

Феникс 2010 успеа да ја превземе иницијативата на почетокот на второто полувреме кога преку Митревски и Трајковски стигна на негатива од 46-40, а имаше напад за дополнително намалување на негативата, но откако не ја искористи повторно следеше казна од кошаркарите во „зелено-бело“. Пелситер влезе во ритам за три поени па направи серија од 17-0 со која стигнаа до најубедливата предност од 63-40. Гостите од овој момент останаа и без Трајковски кој го напушти теренот по две технички грешки, но отсуството на најдобриот играч на теренот ги мотивираше младите Хот и Митревски преку кои гостите намалија на 66-50 пред последните десет минути. Во нив сепак вицешампионот продолжи со контролата на натпреварот, со добрата игра на двата дела од теренот ја задржа високата предност и стигна до нови два бода.

Со 28 поени и 8 скока лидер на Пелистер беше Маслинко, а него го следеше Сапунџиев со 17 поени и 7 скока. Двоцифрени со по 16, односно 14 поени беа Карутерс, Карпентер и Силаџи. 23 поени за гостите постигна Митревски, Трајковски додаде 12 поени и 7 скока, а како двоцифрен мечот го заврши и Димчевски кој на 11-те поени додаде и 6 скока.

Се вчитува...