Неверојатен „потоп“ на Пелистер пред своите навивачи во последниот натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига. Битолчани неочекувано убедливо со 0-4 загубија од Арсими во натпревар во кој гостите сите три погодоци ги постигнаа во последните 20 минути од средбата.
„Пелистерци“ добија казна за тоа што не го реализираа во првото полувреме кога Булатовиќ и Белиќ погодија дирек и греда, не успевајќи да донесат водство за битолчани.
Па, затоа следеше казната во второто полувреме. Најпрво Бешагиќ во 66. минута погоди за 0-1 за Арсими. Потоа Таипи во 81. минута погоди и за 0-2, Шефити зголеми на 0-3 во 87. минута, а конечните 0-4 беа поставени во петтата минута од судиското продолжение со голот на Игнатов.
Претходно, во првиот денешен натпревар, Струга ТЛ максимално ја оправда фаворитската улога и убедливо триумфираше со 3-0 против Тиквеш.
Стружани, на тој начин се израмнија на лидерската позиција на табелата со Силекс, со по 15 бода. Домашните до предноста дојдоа со голот на Компаоре од пенал во 39. минута од средбата.
Претходно, Буњамин Шабани имаше 100% шанса порано да ги доведе домашните до водство но иако очи во очи со гостинскиот голман не успеа да реализира.
Во второто полувреме, Компаоре во 58. минута зголеми и на 2-0 по извонредна реакција и со погодок со глава донесе дуплирана предност за домашните.
А, Марјан Радески со третиот свој гол сезонава во 79. минута ги постави конечните 3-0.
ПМФЛ 5. КОЛО: (денеска)
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 3-0
ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ 0-3
ПРЕТХОДНО
ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 2-1
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
АП БРЕРА – ШКУПИ 1-0
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 3-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

