Ракометарите на Работник сигурно чекорат кон второто место на табелата откако по големиот триумф над Металург во Скопје, денеска убедливо славеа и во битолското дерби против Пелистер (32-25). Стевче Алушовски ги имаше максимално мотивирано своите ракометари за дуелот со „пелистерци“, па „фармацевтите“ не дозволија победата во ниту еден момент да им биде доведена во прашање.
Ојлески го отвори резултатот во првата минута, како најава за фуриозниот старт и брзото водство од 4-0. Пелистер првиот гол го постигна во седмата минута преку Станојевиќ за 4-1, но Работник не престана да доминира на теренот. Избраниците на Алушовски уште во првото полувреме стигнаа до двоцифрена предност (16-6), за на одмор да заминат со водство од девет гола (18-9). Очекувано, вторите 30 минути беа само рутина за фаворитот, кој знаеше како да ја одржува убедливата позитива се до конечните 32-25.
Oстроушко со осум гола беше прв стрелец на победничкиот тим, по два помалку постигнаа Кузмановски и Ојлески, додека најефикассни во таборот на Пелистер беа Поповиќ со седум и Кобетиќ со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА