Пелистер на крилјата на Стајиќ и Малешевиќ со „пеколен финиш“ славеше во Маџари (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на Пелистер славе на гостувањето против Маџари со 83-99 во 14. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Битолчани ја запишаа и десеттата победа сезонава, во натпревар кој беше максимално израмнет низ првите три четвртини, а крајот им припадна на гостите.

Пелистер ја доби првата четвртина со 19-24, но Маџари возврати со одлична втора четвртина, која ја доби со 35-26, па на полувремето домашните заминаа со предност од 54-50.

Одлични беа избраниците на Миодраг Тодоровиќ и во третиот период, иако во последната четвртина се влезе со израмнети 70-70. И последниот период од играта им припадна на „пелистерци“ за конечна победа од 83-99.

Пелистер победи на крилјата на Бобан Стајиќ кој заврши со 26 поени, и Никола Малешевиќ кој имаше 24 поени, а во редовите на Маџари се издвои Амар Хот кој беше најдобар играч на мечот со 28 поени и осум скокови.

 

Се вчитува...