Куманово стигна до деветтата победа во сезоната откако во последниот натпревар на 14. коло на домашен терен стигна до нов триумф, овој пат над фаворизираниот Пелистер со 86-72.
Првото полувреме донесе потполно различна форма на двата тима. Куманово доминираше во првата четвртина добивајќи ја со 27-17, за Пелистер да возврати со речиси перфектна втора четвртина во која постигна 31 поен, а дозволи само 11 па не само што ја анулираше негативата, туку и поведе двоцифрено со 38-48.
Третата четвртина беше во знакот на одбраната на домашните кошаркари кои го лимитираа противникот во нападот, му дозволија само седум постигнати поени, а избраниците на Докузовски реализираа 22 па одново ја превземаа резултатската контрола. Во последната четвртина влегоа со предност од 60-55, а овој пат не дозволија противникот да се врати во игра. Клучна беше серијата на Радукиќ од осум поени во низа на шест минути до крајот на средбата со која предноста се искачи на 72-61 за нов „сино-бел“ триумф.
Токму Радукиќ одново го предводеше Пелистер, а овој пат беше блиску и до трипл-дабл учинок со 31 поен, 12 скокови и 7 асистенции. Него го следеше Луковиќ со 21 поен и 7 скокови. На спротивната страна 22 поени и 10 скокови за Пелистер реализираше Мишковиќ, а 21 поен и 9 скокови забележа Бојиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

