Влатко Костов од денеска повеќе не е тренер на Пелистер откако управата на битолскиот клуб му се заблагодари на искусниот стручњак за придонесот во досегашниот дел од сезоната, решавајќи сепак со тренерска смена да го разбуди тимот кој претрпе четири порази во последните пет прволигашки рунди.
„По долг заеднички и пријателски разговор, клупската управа на ФК Пелистер и шефот на стручниот штаб Влатко Костов постигнаа спогодбен раскин на договорот. Клубот искрено му се заблагодарува на Костов за остварените цели и постигнатите резултати во овие една и пол година. Пелистер под негово водство се врати во Првата фудбалска лига и одигра достоинствен есенски дел од сезоната во елитната категорија. Со Влатко Костов, кој и дел од играчката кариера помина во Пелистер, останува спортски пријатели и му посакуваме многу успеси на приватен и професионален план’, објави ФК Пелистер.
Неофицијално, главен кандидат за оваа функција е доскорешниот тренер на Вардар, Срѓан Захариевски, но во игра се уште неколку домашни стратези.
Пелистер моментно се наоѓа на седмото место на табелата со вкупно 19 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

