Пелистер од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за групите во ЛШ

Македонскиот шампион Е. Пелистер очекувано ќе се најде во третиот квалитативен шешир пред жедрепката за групите за новата 2024/25 сезона во Лигата на европските шампиони на ЕХФ, која е закажана за четврток (27. јуни) од 17:30 часот.

Вкупно 16 екипи во Лигата на шампионите, пред ждрепката, ќе бидат поделени во три квалитативни шешири, при што во првиот ќе се Барселона, Магдебург, Висла Плоцк, Алборг, Веспрем и ПСЖ.

Е. Пелистер е во третиот шешир заедно со Динамо Букурешт, Загреб, Спортинг и Колштад.

Екипите, како и минатата сезона, ќе бидат поделени во две групи од по осум екипи. Ќе се играат два круга секој со секого, односно 14 кола во групната фаза. Двата првопласирани тима од секоја група директно ќе се квалификуваат во четвртфиналето, додека оние кои ќе завршат на третото, четвртото, петтото и шестото место ќе се натпреваруваат во баражот. Најслабо рангираните два клуба во секоја група ќе бидат елиминирани од натпреварувањето на крајот од групната фаза.

Првиот коло од новата сезона во Лигата на шампионите ќе се игра на 11/12. септември 2024 година, а последното 14. коло е закажано за 5/6. март 2025 година.

ШЕШИР 1
Барселона (Шпа)
Магдебург (Гер)
Висла Плоцк (Пол)
Алборг (Дан)
Веспрем (Унг)
ПСЖ (Фра)

ШЕШИР 2
Фуксе Берлин (Гер)
Кјелце (Пол)
Фредериција (Дан)
ПИК Сегед (унг)
Нант (Фра)

ШЕШИР 3
Динамо Букурешт (Ром)
Загреб (Хрв)
Спортинг (Пор)
Колштад (Нор)
Е. ПЕЛИСТЕР (МКД)

Се вчитува...