Пелистер остана без најдобриот – Игор Кесар се пресели во Романија

Вицешампионот Пелистер остана без својот најдобар кошаркар откако Игор Кесар денеска потпиша договор со Темишвар. Одличниот центар беше предводник на битолчани во претходните две сезони, но летово се реши за нов предизвик во кариерата, селејќи се во Романија.

Битолчани најавуваа учество во АБА2 и во ФИБА Еврокупот, но се уште се во исчекување на одлуката на градските власти околу висината на буџетот за наредната натпреварувачка сезона.

 

Се вчитува...