И последниот натпревар од четвртфиналето во фудбалскиот куп на Македонија беше решен по изведување на пенали. Во вечното дерби на македонскиот фудбал Пелистер по изведување на пенали беше подобар од големиот ривал Вардар.
Откако по 90 минути игра натпреварот заврши без голови 0-0, битолчани по изведување на пеналите успеаја да слават со 3-2. „Црвено-црните“ од Скопје очајно ги изведуваа пеналите и успеаја да промашат дури три пати. Прво Глишиќ и Стојковски, а во последната серија и капитенот Дејан Блажевски.
РЕЗУЛТАТИ 1/4 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА:
Пелистер – Вардар 0-0 (3-2)
Македонија ЃП – Шкупи 0-0 (4-1)
Шкендија – Струга ТЛ 0-0 (3-4)
Силекс – Брегалница 1-1 (5-4)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА