Кошаркарите на Пелистер со победа ја почнаа новата сезона во АБА2 лигата, триумфирајќи по продолжение со 78-82 против словенечки Шенчур. Во регуларниот дел дуелот, по четирите периоди од играта, заврши со 69-69.
Битолчани имаа предност во текот на целата средба, максимално контролирајќи ја играта и резултатот се последните три минути, кога дозволија противникот да дојде до израмнување за продолжение.
Одлично го почнаа кошаркарите на Пелистер натпреварот против Словенците па од стартот наметнувајќи игра со предност. Главно цврстата игра под обрачите во одбраната донесе предност за македонскиот тим кој на паузата замина со предност од 40-33.
Во вториот дел се играше еднакво со континуирано одржување на предноста на „пелистерци“. Словенечкиот тим, сепак, на 90 секунди до крајот дојде и до негатива од само три поени (66-69) внесувајќи неизвесност во финишот. До крајот во неизвесна завршница, Шенчур на 22 секунди дојде до 69-69 изборувајќи се за продолжение на мечот.
А, во продолжението, повторно се си дојде на свое место па „пелистерци“ дојдоа до заслужена победа од 78-82.
Најдобар поединец кај Пелистер беше Маслинко со 22 поени, пред Бернар со 21 поени и осум скока, Костоски мечот го заврши со 12 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА