Вицешампионот Пелистер максимално подготвен ја дочекува новата сезона, а управата и оваа година им обезбеди на кошаркарите беспрекорни подготовки со контролни натпревари одиграни во Бугарија, Грција и во Србија.
Директорот Филип Ивановски е задоволен од сработеното, со желба клубот да продолжи да се развива и во периодот што следи.
„Со резултатите во изминатиот период покажавме дека Пелистер станува сериозна екипа и веруваме дека таа сериозност ќе продолжи да расте од година во година. Со нашето доаѓање како главен спонзор и нова управа го продолживме развојот, обезбедивме максимални подготовки со кои уште повеќе се крена и формата на екипата, но и атмосферата меѓу самите играчи. Клубот е поставен на здрави темели, што беше наш приоритет од доаѓањето како управа, веруваме дека може дополнително да се развива од секој аспект. Чест ни е што во вторник ќе го одиграме првиот домашен меч на меѓународно ниво во Битола, ги повикуваме сите наши навивачи да ни дадат поддршка на овој натпревар со Широки Бријег“, изјави директорот Ивановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА