Пелистер подобар од Динамо Врање во последниот тест пред шампионатот

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Пелистер, имаше успешен последен тест во пресрет на стартот од новата сезона во Прават лига. Под „Тумбе кафе“, битолскиот прволигаш го совлада српскиот тим Динамо Врање со 2-0. Новиот стратег Срѓан Захариевски, кој дојде на кормилото по елиминацијата на Пелистер од Лех Познањ во квалификациите за ЛЕ, имаше можност да ја увиди формата на својата екипа пред почетокот на шампионатот.

Пелистер поведе уште на самиот старт, кога по пет минути игра Баже Илијоски ја надмудри гостинската одбрана. Конечниот епилог, триумф од 2-0 за „зелените“ го постави Силва, на пет минути пред крајот на мечот.

Пелистер во првото коло од новата сезона во Пргата лига, в недела ќе го игра пелагониското дерби против Победа, на гости во Прилеп.

Се вчитува...