Пелистер ја совлада Шкендија со 2-0 на пријателскиот натпревар одигран во Охрид. Новиот стратег на тетовци, Томас Брдариќ дебитираше на клупата со пораз од битолскиот прволигаш. Сепак, ова е само прв контролен меч, на кој треба да добие слика за можностите на својот тим. На овој дуел тој не можеше да смета на капитенот Ферхан Хасани и на десниот бек Благоја Тодоровски кои се ‘грипозни’.
Пелистер покажа дека напролет ќе биде уште посилен. Резултатот го отвори Иве Трифуновски во 28.минута, со удар со глава по центаршутот на Поп Златанов, а во вториот дел новото засилување, Баже Илијоски во свој стил и побегна на противничката одбрана и го лобуваше голманот за конечен резултат, 2-0 во корист на Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА