Пелистер успеа да оствари значајна победа на гости против Струмица (53-60) во битката за опстанок во Првата кошаркарска лига. Во дуел со скромен број кошеви, битолчани на крајот славеа, откако беа подобри во завршницата од дуелот. Луис го предводеше Пелистер со 23 поени, а кај струмичани Арсоски постигна 15 поени.
Шкупи славеше на гости против Карпош Соколи со 91-107. Адекоге постигна 23 поени, а Рид запиша 21 поен зад своето име во составот од Чаир. Кај „соколите“, Спенс постигна 23 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА