Пелистер поразен од Спартак Плевен во финалето на турнирот „Георги Христов“

Кошаркарите на Пелистер го освоија второто место на турнирот „Георги Христов“ во Ботевград откако беа совладани од Спартак Плевен со 94-89 во големото финале. Битолчани успеаја да му парираат на противникот во поголемиот дел од мечот, во еден момент имаа и предност, но немаа сили за 40. минутно надигрување.

Подоброто отварање на натпреварот им донесе на битолчани предност од 18-24 по првата четвртина, но избраниците на Илиевски потфрлија во одбраната до крајот на првото полувреме. Бугарскиот состав постигна 30 поени, а и покрај тоа што „зелено-белите“ беа на врвот на задачата во нападот мораа да се задоволат само еден поен предност (48-49) на средината на мечот.

Добриот моментум Спартак Плевен го задржа и на отварањето на второто полувреме до кое стигна до предност од седум поени (62-55), но Пелистер одговори со серија од 10-0 ја превземање на предноста. До крајот на третата четвртина следеше изедначена игра за 74-72 пред одлучувачките десет минути. Во нив битолчани постојано се обидуваа да стигнат до предност, но успеваа само во два наврати да го изедначат резултатот па на крајот бугарскиот тим се радуваше на победа.

На патот до финалето Пелистер славеше против актуелниот шампион на Бугарија, Балкан.

Се вчитува...