Пелистер поуспешен од Тинекс Пролет (ФОТО)

Пелистер славеше победа на гостувањето кај Тинекс Пролет со 21-28, во натпреварот од 3.коло во машката ракометна Супер лига. Бројната публика во салата имаше можност да присуствува на интересен и во поголемиот дел изедначен натпревар во кој на крај подобар беше гостинскиот тим кој од клупата го предводи поранешниот македонски репрезентативец, Стевче Алушовски.

rk prolet-rk pelister rakomet (7)

Решавачката предност за втората суперлигашка победа сезонава, битолчани ја направија на почетокот второто полувреме. По изедначениот резултат по првиот дел (12-12), ракометарите на Пелистер предводени од ефикасниот Ороникидзе го засилија темпото и успеаја да се одлепат на 15-20, по  првите десет минути игра и успеаја да ја сочуваат позитивата до крај.

rk prolet-rk pelister rakomet (14)

Домаќините на средината од вториот дел, намалија на два гола разлика, но немаа сили за комплетен пресврт. Несовладлива пречка за ракометарите на Тинекс Пролет беше, голманот на Пелистер, Милош Рајчиќ кој со неколку клучни одбрани, внесе дополнителна сигурност во играта на битолскиот тим и беше еден од најзаслужните за гостинската победа.

rk prolet-rk pelister rakomet (5)

Ороникидзе со осум, а Митиќ додаде шест гола во победата на Палистер на гостувањето во Скопје. Кај Тинекс Пролет најефикасен беше Андоновски со шест погодоци.

rk prolet-rk pelister rakomet (18)

За домашниот Тинекс Пролет ова е втор пораз сезонава. Во претходните две кола, тимот предводен од поранешниот селектор, Илија Темелковски, запиша пораз во гости од Прилеп и одигра нерешено дома со Борец. Пелистер, по стартниот пораз во Радовиш, врза две победи во серија против скопските екипи. Битолчани во претходното коло го победија Металург 2, а сега славеа и во дуелот со Тинекс Пролет.

Во другите два натпревари од ова коло Еурофарм Работник славеше убедлива победа на гостувањето против Радовиш (17-28), а Борец на домашен терен го победи Прилеп (29-22).

[new_royalslider id=”792″]

 

Се вчитува...